Разговор за Википедија:Јубилејни статии

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Големина на статиите[уреди извор]

Една статија за да биде избрана за јубилејна, според мене не би требало да биде стриктно голема. Доколку го разбрав проектот, статијата ќе се избира од деновите (2-3) кога ќе биде постигната јубилејната бројка, па затоа се прашувам што би правеле доколку немаме баш тој ден или два некоја поквалитетна статија. Ова го кажувам не за да сум песимист уште на почетокот, туку поради тоа што да не се залажуваме, незнаеме дали имаме сеуште капацитет за истото. Во последно време не се покажавме ниту за избрана на неделата, па моравме да ставиме статија на главна која веќе била избрана. Ова го пишувам поради коментарот на Никола при избор на првата јубилејна статија. Ваше мислење молам?--Тиверополник (разговор) 19:24, 4 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Да. Статијата не мора да биде квалитетна за да биде изгласана за „избрана“, да би била јубилејна статија. Уште еднаш ќе повторам дека проектот е отворен со цел да се означи трудот на достигнување на јубилејот, со статија уредена на денот на уредување на илјадитата статија. Се преорачува номинираните статии да содржат текст, а не само една реченица и шаблони, но не се бара да бидат преобемни.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:29, 4 октомври 2011 (CEST)[одговори]