Разговор:Клеопатра

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Податотека наместо File, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 23:51, 8 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

Фалсификување на историјата на наивен, детски начин[уреди извор]

"Името за кое викаат дека е Хеленско, мора да го прифатиме со резерва, бидејќи Хелените ги преведувале на нивен јазик топонимите..па и личните имиња(пр. Египет кој се викал КМТ..Кеопс кој се викал КУФУ и живеел пред Хелените да дојдат во Европа..)..веројатно коренот на името и доаѓа од античко Македонскиот збор АТА кој значи Татко."

Значи сите стотици антички Македонци, вклучително и Клеопатра, имале имиња, на пример, „Добре“, „Благоја“, „Владо“, „Билјана“ меѓутоа клетите Грци им ги „хелинизирале имињата“. Само една работа не им текна на средношколците кои се зафатија со историографија....тие македонци САМИТЕ ковале пари, оставале натписи на храмови, кои се бројат илјадници итн. Единствен резон да се објасни тоа е дека тие давале усни наредби а писмени Грци придружници ги ковале на монети грчките варијанти или засекувале на камен такви.

Но, зарем во тој случај Клеопатра не би реагирала со револт против итриот грчки непријател зошто монетите распростанети низ цел Египет во нејзина чест во египет не се со нејзиното име? Тоа е нонсенс, исто како да се каже „Барак Обама не е вистинско име на Претседателот на САД, бидејќи за него скоро 100% пишуваат белци новинари и други автори, правото име му е Стојмен Величковски“. Јака логика, нема што. Воопшто, во домашната Википедија сретнав нешто што НИКАДЕ го нема на англиската а тоа е секој втор израз да биде “можеби“, “се смета„; “поверојатно е“, “не може да се прифати“, “ми рече еден човек кого го сретнав на плоштадот“.

Клеопатра е опишана со тоа име и во негрчки извори (римски) и други. Уште и ова: точно е дека некогаш Грците им давале грчки имиња на Негрци, меѓутоа истовремено некогаш и го впишувале и вистинското име, а секако тие Негрци ги оставиле своите вистински имиња на монети, пергамент, стели, храмови, на персиски, арамејски, египетски јазик. Како е возможно до денес само наводните грчки варијанти да преживеале на стотини македонски личности, а да тие, или некој друг писмен народ со кого дошле во контакт, не оставилие НИТУ ЕДНА инстанца на „негрчките имиња“?

85.30.68.89 (разговор) 12:46, 20 февруари 2016 (CET)[одговори]