Примордијални нуклиди

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во геохемијата и геонуклеарната физика, примордијални нуклиди или изотопи се нуклиди што ги среќаваме на планетата Земја кои постоеле во својата денешна форма и пред да биде оформена Земјата. Примордијалните нуклиди се остатоци од древните експлозии супернова кои се случиле пред образувањето на Сончевиот систем. Тие се долготрајна фракција од радионуклиди кои опстанале во примордијалната сончева маглина преку акреција на планетите сè до денес. Познати се само 289 вакви нуклиди. Сите познати 254 стабилни нуклиди се среќаваат како примордијални нуклиди, заедно со други 35 нуклиди кои имаат периоди на полураспаѓање доволно долги за да би опстанале од времето на образување на Земјата. Овие 35 примордијални радионуклиди претставуваат нуклиди од 28 различни елементи (кадмиум, неодимиум и ураниум имаат по два примордијални радионуклиди, а телур и самариум по три).

Имајќи ја предвид староста на Земјата од околу 4,58 × 109 години (4,6 билиони години), ова практично значи дека периодите на полураспаѓање на дадените нуклиди мора да бидат поголеми од 5 × 107 години.