Призрачен остров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од картата на Џорџ Пауел од 1822 година на Јужните Шетландски Острови на која е прикажан призрачниот остров Мидл (долу десно) во теснецот Брансфилд, Антарктик.

Призрачен остров — наводен остров што бил нацртан на карти некое време, но подоцна било откриено дека не постои. Овие острови обично потекнуваат од извештаите на првите морнари во нови области и обично се резултат на навигациски грешки, погрешни набљудувања, дезинформации или намерни измислици. Некои острови останале на картите со векови пред да се поправи грешката.

За разлика од изгубените земји, за кои се вели дека некогаш постоеле, но биле уништени од некоја причина, призрачниот остров е територија за која се тврди дека постои, но подоцна се дознава дека е поинаку (или територијата не е остров).