Претседателски избори во САД (1820)
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Резултати од изборите. Зелената боја ги означува сојузните држави во кои победил Монро, светлата зелена боја го означува избирачот Вилијам Пламер од Њу Хемпшир кој го дал својот изборен глас за Џон Квинси Адамс. Бројките го означуваат бројот на изборни гласови распределени по сојузна држава. Изборните гласови како и самата сојузна држава Мисури биле оспорувани. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Претседателски избори во САД во 1820 година — 9. по ред претседателски избори во САД. Започнале на 1 ноември, а завршиле на 6 декември 1920 година. Биле трети и последни американски претседателски избори каде што еден кандидат за претседател победил без конкуренција (тоа претходно се злучило на изборите во 1788-89 и 1792 каде што Џорџ Вашингтон победил без сериозен противник). Актуелниот претседател Џејмс Монро и потпретседателот Даниел Д. Томкинс биле повторно избрани со сите освен еден избирачки глас на гласањето на Изборниот колегиум. Федералистичка партија која претрпила големи неуспеси на претходните избори, сепак учествувала на овие избори, но со свој претставник за потпретседател (Ричард Стоктон). Федералистите неуспеале да номинираат свој кандидат за претседател на национално ниво. За американската Федералистичка партија ова биле последните избори на кои учествувала.
Номинации
[уреди | уреди извор]Номинација на Демократско-републиканската партија
[уреди | уреди извор]Кандидати на Демократско-републиканската партија:
Повторната номинација за претседател на Џејмс Монро никогаш не била доведена во прашање, затоа само неколку десетици републиканци учествувале на јавното гласање одржано во април 1820. Учествувале само 40 делегати, заедно со неколкумина делегати од поголемите сојузни држави Вирџинија, Пенсилванија, Северна Каролина, Масачусетс и Њу Џерси.
За претседател | За потпретседател | ||
---|---|---|---|
Џејмс Монро | 40 | Данеил Д. Томкинс | 40 |
Резултати
[уреди | уреди извор]Народно гласање
[уреди | уреди извор]Федералистите добиле мал број на гласови на народното гласање и покрај тоа што немале свои изборни кандидати. Во Масачусетс, која што била позната федералистичка територија за федералистичките избирачи, сите изборни гласови биле дадени за Монро. Ова биле првите претседателски избори каде што демократските-републиканци издвоиле победа во Конектикат и Делавер.
Кандидат за претседател | Партија | Матична сојузна држава | Народно гласање(а) | Изборни гласови | |
---|---|---|---|---|---|
Број | Процент | ||||
Џејмс Монро (актуелен) | Демократско-републиканска партија | Вирџинија | 87.343 | 80,61% | 228/231(ц) |
Нема кандидат | Федералистичка партија | - | 17.465 | 16,12% | 0 |
Девит Клинтон | Демократско-републиканска партија | Њујорк | 1.893 | 1,75% | 0 |
Џон Квинси Адамс | Демократско-републиканска партија | Масачусетс | (б) | (б) | 1 |
Вкупно | 108.359 | 100,0% | 229/232(ц) | ||
Потребно за победа | 115/117(ц) |
Извор (изборни гласови): U.S. Electoral College: Historical Election Results 1789-1996
Извор (народно гласање):A New Nation Votes: American Election Returns 1787-1825[1]
(а) 15 од 24 сојузни држави избрале избирачи по пат на народно гласање.
(б) Адамс добил изборен глас од безнадежен избирач.
(ц) Имало спор околу тоа дали требало изборните гласови од Масачусетс да се сметаат како валидни, поради спорот околу добивање статус на сојузна држава. Првиот број не ги вклучува гласовите од Масачусетс, додека вториот го вклучува бројот на изборните гласови од Масачусетс.
Изборни гласови
[уреди | уреди извор]Кандидат за потпретседател | Партија | Сојузна држава | Изборни гласови |
---|---|---|---|
Даниел Д. Томкинс | Демократско-републиканска партија | Њујорк | 215/218(a) |
Ричард Стоктон | Федералистичка партија | Њу Џерси | 8 |
Даниел Родни | Федералистичка партија | Делавер | 4 |
Роберт Гудлоу Харпер | Федералистичка партија | Мериленд | 1 |
Ричард Раш | Федералистичка партија | Пенсилванија | 1 |
Вкупно | 229/232(а) | ||
Потребно за победа | 115/117(a) |
Извор: "Electoral College Box Scores 1789–1996"
(а) Имало спор околу тоа дали требало изборните гласови од Масачусетс да се сметаат како валидни, поради спорот околу добивање статус на сојузна држава. Првиот број не ги вклучува гласовите од Масачусетс, додека вториот го вклучува бројот на изборните гласови од Масачусетс.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „'A New Nation Votes: American Election Returns 1787-1825“. Архивирано од изворникот на 2018-05-13. Посетено на 2017-02-09.