Преобразба (расказ)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Преобразба (германски: Die Verwandlung) — расказ на Франц Кафка, првпат објавена во 1915 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во книгата се опишува необичната судбина на трговскиот патник Грегор Самса, кој едно утро се буди претворен во џиновски инсект. Тој седи затворен во својата соба и нема храброст да се покаже пред своите блиски, но подоцна, неговите родители и сестра му ја откриваат неговата состојба. Така, тој е принуден да живее сам во својата соба, а родителите постепено го запоставуваат и најпосле, тој умира, осамен и напуштен од сите.

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Во 2007 година, расказот бил објавен од издавачката куќа „Темплум“, како 59. книга од едицијата „Магма“, а во рамките на збирката „Преобразба и други раскази“.[1] Подоцна, истата издавачка куќа го објавила расказот самостојно, како 70. книга од едицијата „Магма“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Франц Кафка, Преобразба и други раскази, Темплум, Скопје, 2007.