Предлошка:Portal:Montenegro/Featured bio

Од Википедија — слободната енциклопедија

Никола I Петровиќ (1840-1921) бил кнез на Црна Гора (1860—1910) и првиот и единствен крал (1910—1918). Тој, исто така бил и поет, чие дело е познатата црногорска песна Онамо, 'намо!. Никола се родил во селото Његуши, како син на Мирко Петровиќ-Његош, кој бил брат на кнезот Данило. Уште од мал, изучувал боречки вештини и вежбал гимнастика. Голем дел од своето детство поминал во Трст, во домот на семејството Кустиќ, од кое потекнувала неговата стрина Даринка (сестра на кнезот Данило). Неговата стрина, Даринка била голема обожавателка на француската литература, па го испратила да го продолжи школувањето во Париз. На 19 години станал кнез на Црна Гора, функција која во првите неколку години ја извршувал заедно со својот татко. Заради ослободувањето на Херцеговина, во 1862 година завојувал против Османлиското царство.