Правно лице

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Правно лице е субјект на правото зад кој стојат група физички лица на кои правото им дозволува да дејствуваат како една индивида со цел да постигнат одредени цели.

За разлика од правосубјектноста на физичкото лице со кое човек се здобива од неговото раѓање, правното лице е продукт на пишаното право.

Според македонското законодавство правно лице е најчесто организација која има сопственост, стопанска активност, оперативна управа, имот, и која одговара кон своите обврски со тој имот.

Правните лица се делат на комерцијални и некомерцијални.

Поврзано[уреди]