Поштенско сандаче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поштенско сандаче од 1925 година

Поштенско сандаче — сандаче поставено на јавно место во кое корисниците можат да ставаат обични писма со цел давателот на поштенската услуга да ги испрати до примателите.

Првите поштенски сандачиња се појавиле во Париз во 1653 година,[1] во Берлин во 1766 година, на територијата на Австроунгарија од 1850 година.

Првите сандачиња биле направени од дрво и имале краток рок на траење. Тие подоцна биле заменети со метални.

Куќно поштенско сандаче[уреди | уреди извор]

Поимот куќно поштенско сандаче се користи за сандаче поставено на влез на семејна или индивидуална станбена зграда во која поштарите ги ставаат дојдовните писма за крајните корисници.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Istorijski razvoj poštanskog, telegrafskog i telefonskog saobraćaja" - Dragoljub Poposki
  2. „Обврска за поставување куќни поштенски сандачиња од страна на корисниците на поштенските услуги“. Агенција за пошти. Посетено на 4 јануари 2024.