Портал:Шах/Избрана статија/2009/јуни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анимација на бесмртната партија, одиграна меѓу Адолф Андерсен и Лионел Кизерицки на 21 јуни 1851 во Лондон. Партијата илустрира победа со жртва на два топа.

Жртва е поим кој во шахот претставува потег со кој едниот противник на другиот му нуди фигура или пешак, со надеж дека промените кои ќе настанат во позицијата со прифаќање на понудениот материјал, на страната која ја понудила жртвата ќе ѝ донесат тактичка или положбена компензација во различни форми. Поимот „жртва“ се употребува и при размена на фигура со поголема материјална вредност за фигура со поматеријална вредност.

Секоја фигура, освен кралот може да се жртвува. Поради фактот што, обично најголемиот број на шахисти се обидуваат да ги зачуваат своите фигури и правилно да ги позиционираат, жртвите се ненадејна појава и изненадување за противникот, што влијае негативно од психолошки аспект за противникот, при што тој обично е принуден да изгуби повеќе време пресметувајќи ги сите можни комбинации и оценувајќи ги сите можни позиции кои би можеле да настанат по прифаќањето или отфрлањето на жртвата. Прочитајте повеќе