Портал:Спорт/Избрана статија/2009/септември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Премиер лига — англиска професионална фудбалска лига. Таа е на врвот од англискиот фудбалски систем, и е примарно фудбалско натпреварување во Англија. Во неа се натпреваруваат 20 клубови, од кои последните 3 идната натпреварувачка сезона се натпревурваат во понизок ранг на натпреварување. Премиер лигата е корпорација од 20 тимови, кои се акционери. Сезоната трае од август до мај, во која клубовите играат 38 кола. Премиер лигата е спонзорирана од банката Баркли и поради тоа таа официјално е позната како Баркли Премиер лига.

Натпреварувањето формирано како ФА Премиер Лига на 20 февруари 1992 е продолжение на Фудбалската Прва дивизија, која беше оформена во 1888. Набргу Премиер лигата стана најгледана лига во светот. Таа е и рангирана на првото место според УЕФА ранг листата на лиги, заснован на достигнувањата на клубовите во последните 5 години, пред Шпанската Ла Лига и Италијанската Сериа А. Прочитајте повеќе