Портал:Светци/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Апостол Павле, познат и како Свети Павле или Павле од Тарс е еден од најважните светци во проповедењето и распространувањето на христијанството. Познат како тринаесетти Христов апостол. Единствените податоци за животот на Свети Павле се текстовите од Новиот завет.

Христијанските текстови оделуваат големо значење во преминувањето на Апостол Павле во христијанската вера. Во Библијата се раскажува дека на пат кон Дамаск тој видол необична светлина од која тој ослепил и го слушнал гласот на Господ од небото, кој му рекол: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш? Јас сум Исус, којшто ти го прогонуваш“. Тој настан бил преврт во неговиот живот, прекрстувајќи се во Дамаск и станувајќи еден од најголемите проповедници на христијанството.

Прочитајте повеќе