Портал:Религија/Избрана статија/2009/мај

Од Википедија — слободната енциклопедија

Неопаганство — хетерогена група на нови религиозни движења кои се засновани врз антички, главно претхристијански верувања. Најголем број од нив се индоевропски по потекло. Како што вели и името, овие религии се пагански по природа, иако точната врска со античкото паганство е извор на голем број дебати.

Неопаганските верувања се разновидни и затоа самиот термин неопаганство е доста широк. Неопаганските религиозни движења се цела редица на движења од политеизам до анимизам, пантеизам и други парадигми. Повеќето неопаганисти практикуваат духовност која во суштина е модерна верзија, додека други ги прифаќаат и ги развиваат народните религиозни верувања кои ги наоѓаат во историските и фолклорните извори. Некои неопагани следат синкретички споеви на повеќе култури, митологии и ритуали, додека други пробуваат до некој степен да ги реконструираат античките верувања кои постоеле пред аврамските религии (христијанството, јудаизмот и исламот). Други пак, следат верувања кои се создадени во модерно време. Прочитајте повеќе