Портал:Религија/Избрана статија/2008/декември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Масонскиот симбол, се среќава со или без буквата G.
Масонскиот симбол,
се среќава со или без буквата G.

Масонство — братска организација која се појавила кон крајот на 16 и почетокот на 17 век. Масоните денес постојат во различни форми низ целиот свет, со членство од околу пет милиони луѓе (вклучувајќи околу 480.000 во Англија, Шкотска и Ирска, и нешто помалку од два милиони во Америка).

Сите форми на масони делат исти морални и метафизички идеали, кои во најголемиот број случаи вклучуваат изјава за верување во Бог. Братството административно е организирано во Големи ложи, а секоја од нив си има свои јурисдикции. Исто така постојат дополнителни тела, кои се организации што се во тесна врска со масоните, но со своја независна администрација. Прочитајте повеќе