Портал:Македонска Православна Црква/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Македонската православна црква (МПЦ) е православна црква во Република Македонија.

Христијанството во Македонија, па и пошироко на Балканот, прв го проповеда и шири апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочат и „Делата Апостолски“. На тие негови патувања го придружуваат и Лука, Тимотеј, Сила и Тихик кои и самите независно од апостол Павле работат на христијанизација на овие простори. Низ Македонија проповеда и Апостол Андреј Првоповикан кој и го поставува апостол Урбан за прв епископ во Македонија. Апостол Силуан бил првиот епископ во Солун, а Епафродит во Адрија или Адријакија (погранично место со Тракија).
Повеќе...