Полка
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Полка е брз средноевропски танц, кој е популарен во Европа и Америка. Настанал во средината на XIX век во денешна Чешка. Полката се игра во многу земји меѓу кои се: Литванија, Чешка, Полска, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија и други. Некој варијанти на полка се играат во нордиските земји, Британија и Мексико.
Во класичната музика, полки компонирале Јохан Штраус постариот и Јохан Штраус помладиот. Името „полка“ доаѓа од чешкиот збор „пулка“, што значи мала половина, што се однесува на кратките получекори кои се користат во танцот.[1] Заради зборот полка често луѓет мислат дека овој танц е измислен од Полска.
Полката како тема во уметноста и во популарнат акултура[уреди | уреди извор]
- „Полка од гробиштата“ (Cemetery Polka) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Oxford University Press. http://www.oed.com
- ↑ DISCOGS, Tom Waits – Rain Dogs (пристапено на 20.7.2019)