Подарешка парохија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Подарешка парохија — македонска православна парохија, дел од Радовишкото архијерејско намесништво на Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Нејзино седиште е црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Подареш. Пархиски свештеник е Зоран Стојанов.[1]

Парохијата ги ошфаќа селата: Подареш, Смиланци, Јаргулица, Покрајчево и Злеово.

Цркви[уреди | уреди извор]

Ова е список на црквите во парохијата.[2] Можно е списокот да е нецелосен.

име населено место изградена слика
Црква „Св. Ѓорѓи“
(парохиска црква)
Подареш 1944
Црква „Св. Димитриј“ Подареш 2001
Црква „Св. Петка“ Подареш
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ Подареш
Црква „Св. Ѓорѓи“ Покрајчево 1936
Црква „Св. Илија“
(манастирска црква)
Покрајчево
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ Злеово 1971
Црква „Св. Димитриј“ Смиланци по 1920
Црква „Св. Архангел Михаил“ Јаргулица

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Подарешка парохија[мртва врска]“. Брегалничка епархија.
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]