Плектрум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Разновидни плектруми

Плектрум е направа со која се тргаат жиците на жичен инструмент. Кај гитарите, бенџата и сличните инструменти, плектрумот е посебен алат кој се држи во раката на свирачот. Кај чембалата, плектрумите се дел од механизмот на инструментот.

Плектруми за гитари и слично[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Гитарско перце.

Плектрумот за гитара вообичано има форма на тесен остроаголен триаголник со заоблени ќошиња; најостриот агол е оној кој најчесто се користи за тргање на жицата. Таков плектрум исто така може да се нарече перце (или трзалица со цел да се разлукува од напрстното перце). Тие се изработуваат од разни материјали, меѓу кои желкини оклопи и целулоид, но денес пластиката е најчестиот материјал. Големината, формата и дебелината варираат во значителна мера. Предметите како малите монети може да се искористат како замена за плектрум доколку се укаже потреба, и всушност Брајан Меј (гитарист од групата Queen) ја направил употребата на стара паричка (сребрена монета од шест британски пени) дел од неговиот препознатлив звук.

Свирачите на бенџо и на гитара често носат метално или пластично палечно перце монтирано на прстен, и блуграс бенџо свирачите скоро секогаш носат метално или пластично напрстно перце на врвовите на нивните прсти, коешто понекогаш се користи и од гитаристите.

Видете исто така[уреди]