Петраркистички сонет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Петраркистички сонет или петрархистичка поезија е вид на пишување на стихови што првпат се појавува за време на ренесансата, а прв го употребил италијанскиот поет Франческо Петрарка. Овој вид поезија е познат и како жонглерска или трубадурска поезија. Главното обележје на оваа поезија е оплакувањето на невозвратената љубов.

Карактеристики[уреди]

Историското значење на поезијата на Петрарка е во тоа што тој успеал да ја ослободи поезијата од преголемата апстракција и мистичност, а се прославува љубовта кон саканата, која се велича како нешто „свето“. Се користеле силни споредби, како на пример: устата е сонце, забите се бисери, лицето бело како снег. Девојката е сонце, а поетот снегот што се топи, и така натаму. Ова е тој шаблон кој многумина го имитирале не само во негово време туку и во наредниот век.

Во творештвото на поетите од јужна Италија со создала т.н. „Неаполска поетска школа“, чии претставници од Петрарка ја презеле совршената уметничка форма, хиперболизмот, но и плачливиот тон при опишувањето на љубовта. Овие поети се познати и под името „страмботисти“. Пишувале кратки песни од 8 стиха, а најважни претставници биле Серафино од Аквила, Антонио Гевалдо и др. Карактеристично за нив било што ја користеле народната поезија. Овој вид поезија е прифатен кај дубровничките поети од тоа време. Се опева љубовта на прв поглед, на пример поетот случајно здогледал убава дама на прозорецот, и веднаш потоа пее за самоубиство, бидејќи љубовта е неможна или невозвратена.

Пјетро Бембо ја вратил петрархистичката поезија во духот на Петрарка. Бембо и следбениците им се спротивставиле на страмботистите, и ја добиле битката. Ваквиот тип поезија се пишувал дури до крајот на 16 век.

Наводи[уреди]