Петко Шалевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Петко Јончев Шалевски (октомври 1924 во Крклино, Битолско — април 1945 во Сремски Карловци, Србија) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Петко Јончев Шалевски е роден во октомври 1924 година, во селото Крклино. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил во септември 1944 година. Бил борец во 15-от корпус. Учествувал во борбите што се воделе на Сремскиот фронт. Загинал во април 1945 год, во Сремски Карловац.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)