Персеиди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Персеид снимен во 2007 година

Персеиди — метеорски дожд што се појавува секоја година во август од соѕвездието Персеј. Ова настанува кога Земјата поминува низ облаци од честички прашина оставени од кометата Свифт-Тутл. Најмалите честички се со големина на зрно песок, согоруваат во атмосферата на Земјата образувајќи метеорски дожд. Прво тој е со најголем интензитет па потоа постепено слабее. Овој метеорски дожд е активен од 17 јули па се до 24 август додека максимумот речиси секогаш е на 12 август. Бројот на метеори обично достигнува 60 метеори на час.

Опис[уреди]

Шарен, долг Персеид удира во небото лево од Млечниот Пат во 2009 година

Како и повеќето метеорски дождови така и Персеидите се образуваат од остатоци од опашката на некоја комета (Свифт Тутл). Самата комета се доближува до Земјата само еднаш на 135 години, но преку нејзината опашка Земјата поминува секоја година. Кометата се движи кон Сонцето привлечена од неговата топлина, во меѓупланетарниот простор расфрла фини честички од мраз и прашина кои под влијание на сончевиот ветар се движат кон центарот на сончевиот систем.

Фрагменти од карпа исфрлена од јадрото на кометата паѓаат во атмосферата на Земјата и согоруваат во неа светкајќи како ѕвезди. Овој феномен може да се види од каде било во светот, но во северната хемисвфера е појасен овој феномен. Од Земјата се гледа како метеорскиот дожд да доаѓа од соѕвездието Персеј, па оттука е и називот Персеиди.

Опашката на кометата е составена од мали честички од мраз,карпи и прашина кои се исфрлени во меѓупланетарниот простор од јадрото на кометата. Кога Земјата на нејзината патека околу Сонцето се сретне со овие честички тие навлегуваат во атмосферата на Земјата со брзина од 150 илјади километри на час. Тие кога паѓаат исцртуваат права полна линија која постепено исчезнува, некогаш паѓаат во форма на една или повеќе огнени топки.

Историја на набљудувањата[уреди]

Првото споменување на Персеидите датира од 1936 година п.н.е во кинеските хроники. Исто така Персеидите често се споменуваат во кинески, јапонски и корејски хроники од VII - XI век. Во Европа Персеидите се наречени „Солзите на Сент Лоренс“ како фестивалот на „Сент Лоренс“ кој се одржува во истиот период (од 10 август) за кој се смета дека Персеидите се најактивни. За официјален откривач на овој феномен се смета белгиецот Адолф Кетел кој првпат дал извештај за овој феномен во 1835 година. Првиот истражувач кој го пресметал бројот на метеори на час е Едвард Хејс кој одредил максимална брзина од 160 метеори на час. Набљудувањето на Хејс и други истражувачи од целиот свет продолжува секоја година после тоа. Максималниот број на метеори на час изнесувал 37-88 до 1858 година. Интересен е фактот дека во 1861 година бројот на метеори скокнал на 78-102 на час.

Персеид во 2010 година снимен од големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија

Персеидите се првиот метеорски дожд поврзан со одредена комета. Во текот од 1861 до 1863 година забележано е зголемување на бројот на метеори на час во периодот на месец август. Во 1863 се избројани 215 метеори на час. Италијанскиот астроном Џовани Вирџинио Скипарели ги пресметал орбитите на неколку Персеиди и сфатил дека тие се совпаѓаат со орбитата на кометата Свифт-Тутл. Кометата е откриена во 1862 година кога поминала блиску до Земјата. Периодот на целосна ротација на кометата изнесува 135 години. Последен пат кометата во близина на Земјата е видена во декември 1992 година. Таквата близина на кометата до Земјата предизвикала зголемување на активноста на Персеидите. Во август 1993 година набљудувачи од Централна Европа снимиле од 200 до 500 метеори на час. Следниот пат кога кометата Свифт-Тутл ќе помине блиску до Земјата е во 2126 година.

Година Активност на Персеидите Најсилен дожд
2015 17 јули – 24 август 12–13 август[1] (ЗЧСмакс 100?) (млада месечина: 14 август)
2014 17 јули - 24 август 12–13 август[1] (ЗЧСмакс 100?) (полна месечина: 10 август)
2013 17 јули - 24 август 12 август (ЗЧСмакс 109)[2]
2012 17 јули - 24 август 12 август (ЗЧСмакс 122)[3]
2011 17 јули - 24 август 12 август (ЗЧСмакс 58)[4] (полна месечина: 13 август)[5]
2010 23 јули – 24 август 12 август (ЗЧСмакс 142) [6]
2009 14 јули – 24 август 13 август (ЗЧСмакс 173) (се проценува на 173,[7] но послабо видливите метеори биле заматени од грбавата месечина.)
2008 25 јули – 24 август [8] 13 август (ЗЧСмакс 116)[8]
2007 19 јули – 25 август [9] 13 август (ЗЧСмакс 93) [9]
2006 12/13 август [10]
2005
2004 12 август (ЗЧСмакс >200) [11]
1972 12 август: најактивен забележан дожд во историјата

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „How to See the Best Meteor Showers of the Year: Tools, Tips and 'Save the Dates'“. nasa.gov. http://www.jpl.nasa.gov/news/news.php?release=2011-399. конс. 29 јули 2013. 
  2. „Perseids 2013: visual data quicklook“. Imo.net. 23 септември 2013. http://www.imo.net/live/perseids2013/. конс. 20 април 2014. 
  3. „Perseids 2012: visual data quicklook“. Imo.net. 22 октомври 2012. http://www.imo.net/live/perseids2012/. конс. 20 април 2014. 
  4. „Perseids 2011: visual data quicklook“. Imo.net. 6 октомври 2011. http://www.imo.net/live/perseids2011/. конс. 20 април 2014. 
  5. „How to See the Best Meteor Showers of the Year: Tools, Tips and 'Save the Dates'“. nasa.gov. http://www.jpl.nasa.gov/news/news.cfm?release=2010-385. конс. 16 ноември 2010. 
  6. „How to See the Best Meteor Showers of the Year: Tools, Tips and 'Save the Dates'“. nasa.gov. http://www.jpl.nasa.gov/news/news.cfm?release=2010-119. конс. 12 август 2010. 
  7. „Perseids 2009: visual data quicklook“. Imo.net. 26 април 2010. http://www.imo.net/live/perseids2009/. конс. 11 август 2009. 
  8. 8,0 8,1 „Perseids 2008: visual data quicklook“. Imo.net. 6 јуни 2009. http://www.imo.net/live/perseids2008/. конс. 11 август 2009. 
  9. 9,0 9,1 http://www.imo.net/live/perseids2007/
  10. EAAS
  11. http://articles.adsabs.harvard.edu/cgi-bin/nph-iarticle_query?2009JIMO...37..161Z&data_type=PDF_HIGH&whole_paper=YES&type=PRINTER&filetype=.pdf

Надворешни врски[уреди]