Перничеста лава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Неодамнешни перничести лави од Хаваите
Распаднати архајски перничести лави во Канадскиот штит

Перничеста лава (англиски: Pillow lava) – лава со специфична перничеста структура која ја добила со екструзија на лава под вода, односно со субакватична екструзија. Перничестите лави во вулканските стени се јавуваат во дебели секвенци на дисконтинуирани маси со перничест облик, обично со димензии од околу 1 метар. Го градат највисокиот дел на вториот слој на нормална секвенца на океанската кора.

Состав[уреди | уреди извор]

Перничестите лави главно имаат базалтен состав иако се познати и перничести лави со коматитски, пикритски, бонинитски, андезитски, па дури и дацит[1][2][3][4]. во општ случај, колку е покисела магмата, перничестите лави имаат поголеми димензии заради поголемата вискозност на лавата.

Појавување[уреди | уреди извор]

Перничестите лави се јавуваат на сите места каде базичните или интермедијарните лави се изливаат на морското дно, а тие места можат да бидат вериги на подморски вулкани над врелите точки или конструктивните граници на плочите на средеокеанските гребени. Во текот на формирање на нова океанска кора, во центарот на ширење се исфрлаат дебели секвенци од перничеста лава, кои се хранат со магмата од дајковите кои го поврзуваат морското дно и огништето на магмата. Перничестите лави и со нив поврзаниот комплекс паралелни дајкови, градат дел од класичната офиолитска секвенца во случка на обдукција на океанската кора на континенталната кора.

Постоењето на перничести лави во најстарите вулкански секвенци на Земјата го потврдува и постоењето на големи маси вода на Земјината површина во раниот архаик. Перничестите лави генерално се користат за потврда на субакватичниот вулканизам во метаморфните појаси.

Перничестите лави исто така се јавуваат како производи на подледничките вулкани во раните фази на ерупциите.[5][6].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Перничест базалт

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]