Пегматит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пегматит што содржи лепидолит, турмалин и кварц ископан во рудникот „Бел Слон“ во Блек Хилс, Јужна Дакота

Откако најголемиот дел од гранитната интрузија ќе се олади и кристализира, преостанатата течна магма преминува во цврста состојба и создава премногу крупнозрнести карпи наречени пегматити. Пегматитите обично се јавуваат во облик на плочи или леќи на работ на гранитните плутони. Како и гранитот, пегматитите главно се состојат од кварц, фелдспат и момирок. Пегматитите претставуваат важен извор на индустриски минерали и на ретки елементи, како, на пример, борот, берилиумот и литиумот. Тие образуваат и скапоцени минерали како што се турмалинот и берилот.