Пагански времиња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пагански времиња
АвторДраги Михајловски
Изработувач на
корицата
Билјана Василева
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанристориски, социјален
ИздавачИздавачка куќа Просветно дело
Издадена
2019
Медиумпечатено издание, 140 х 210 mm
Страници328
ISBN978-608-228-393-7

Пагански времињамакедонски роман напишан од Драги Михајловски. Романот е објавен во 2019 година во издание на Просветно дело.[1] Изданието на книгата е потпомогнато од Министерството за култура на Македонија[2]

Делото е пишувано на неформален и чист македонски јазик со богати авторски изрази и зборови.

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството се случува на македонско тло, а се споменуваат неколку локации, меѓу кој и родното огниште на авторот – Битола. Теодор Цакиќ, главниот антагонист во „Пагански времиња“, е од село БродецСкопска Црна Гора, кој во разговор со Смртта успева да ја надитри и оттогаш луѓето стануваат бесмртни. За својата бесмртност најмногу се радуваат стариците и старците, како што ги именува авторот, односно луѓето што ја надминале старосната граница од седумдесет години.

Стариците и старците, свесни за новонастанатата ситуација, добивајќи нови сили и храброст, ги напуштаат старечките домови и тргнуваат во поход на одмазда. Одмазда за поинакво минато. Одмазда заради неправдите. Но, кому, зошто и за што сакаат да се одмаздат? На што сè се подготвени луѓето кога смртта не може да ги убие затоа што е врзана за дрвото на Теодор Цакиќ од село Бродец?

Следува едно доста шаренолико сиже за Господ и судирот на религиите. Ова е фабула со многу богата фантазија, напишана налик македонска народна приказна и раскажана од наратор интелектуалец, кој во еден момент ќе го обожавате, а во следниот ќе сакате да го искарате затоа што користи неколку повторувачки книжевни клишеа, кои, секако, имаат своја улога, влијание и вредност во ова литературно дело.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пагански времиња“. Просветно дело. Посетено на 1октомври 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)[мртва врска]
  2. Михајловски, Драги. Пагански времиња. Скопје: Просветно дело. стр. 2. ISBN 978-608-228-393-7. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help); |access-date= бара |url= (help)
  3. „Пагански времиња“. Фејсбук. Посетено на 1 октомври 2022.

Поврзано[уреди | уреди извор]