Очајник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Очајник
Le Désespéré
Творец Гистав Курбе
Година 1843-1845
Вид Масло на платно
Димензии 45 см × 54 см
Место приватна збирка

Очајник — слика на францускиот сликар Гистав Курбе насликана помеѓу 1843 и 1845 година. Тоа е автопортрет под цртите на млад човек кој има фиксиран поглед напред, со рацете в коси.

Опис[уреди | уреди извор]

Делото е автопортрет на Гистав Курбе прикажан анфас, во крупен кадар, со подотворена уста и поглед што нурнува во погледот на гледачот. Очите му се оџагарени, а двете раце како да му ја корнат косата. Бледилото на лицето е во контраст со црнилото на косата и брадата, сето тоа засилено со белината на кошулата.

Изворот на светлина доаѓа одозгора, одлево, и ги нагласува контрастите.

Историја на сликата[уреди | уреди извор]

Недовршен, насловен Побудален од страв (Le Fou de Peur), овој гваш на хартија каде што Курбе се претставува себеси, е насликан околу 1844 година (Национален уметнички музеј (Nasjonalmuseet за kunst), Осло) [1] .

Во текот на 1840-тите, Курбе остварил голем број портрети за пријатели, клиенти, а исто така и автопортрети, вклучувајќи го и оној наречен „со црно куче“ (1842). Тој го поминал своето време во музејот Лувр копирајќи ги Хосе де Рибера, Сурбаран, Веласкес и Рембрант[2] кои влијаеле на почетоците на неговата работа, како што се подоцна, во 1849 година, сликите од Златното доба на холандското сликарство : дваесет и петгодишниот уметник сè уште се бара себеси.

Се верува дека оваа слика (масло на платно, 45 x 54 cm) е остварена помеѓу 1843 и 1845 година, на почетокот на неговото живеење во Париз. Таа покажува „очајник“, но особено во полна младост.[3] .

Курбе бил многу приврзан за оваа слика затоа што ја зел со себе во егзил во Швајцарија во 1873 година. Неколку години подоцна, доктор Пол Колин покрај креветот на Курбе во текот на неговите последни денови, го опишал ателјето на сликарот и, поконкретно, „слика која го прикажува Курбе со очаен израз и која затоа ја нарекол Очај.[4]

Платното припаѓа на приватна инвестициска збирка, но била изложена во Музејот Орсе во 2007 година[5].

Анализа[уреди | уреди извор]

Курбе овде прифаќа формат на крајолик (хоризонтален и правоаголен), додека традиционално овој вид на слики користи формат на портрет (вертикален).

Романтичниот пристап кон портретот бил врзан за изразување на чувства. Овој портрет е дел од овој тренд и Курбе, дури и ако никогаш не се дефинирал како романтичен сликар, ги направил своите први слики под ова влијание[6]. Така, „Очајникот“ произлегува од главите на стереотипните изрази што доцните давидијанци ги злоупотребувале; но со својот енергичен стил, тој ги евоцира и шпанските сликари од Големиот век како Рибера и Сурбаран, кои Курбе потоа ги проучувал во Лувр.

Не се знае дали насловот на оваа слика го опишува очајот на ликот, а со тоа и на уметникот или се работи за теоретска вежба. Дали овој човек за кој се вели дека е вљубен во животот сакал да ја покаже својата темна страна, како што му открил на својот пријател и заштитник Алфред Брија во писмо: „Со оваа насмеана маска ме познаваш, во себе кријам тага, горчина и тага што се прилепува за срцето како вампир“[4].

Во 2012 година, сцената од филмот Associés contre le crime, со Катерин Фро и Андре Дисолие, јасно се однесува на оваа слика на Курбе.

Сликата е цитирана и во книгата на Жан-Кристоф Гранже со наслов Патник (Le Passager), во третото поглавје („Нарцис“).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Man Mad with Fear“ (anglais). Посетено на 17/1/2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Musée Fabre“ (француски). Посетено на 9 novembre 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Gustave Courbet - self-portraits“ (anglais). Посетено на 9 novembre 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. 4,0 4,1 Sylvain Amic. Catalogue de l'exposition Courbet au Grand Palais 2007 (Français).CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. dossier du Musée Fabre Montpellier réalisé par des élèves de terminale L (30.09.2013). „Gustave Courbet, un artiste engagé“ (PDF). document PDF: 22. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-09-30. Посетено на 2023-01-10. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. „Courbet, the desperate man“ (anglais). Посетено на 9 novembre 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]