Охрид-експрес (документарен филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Охрид-експрес“
РежисерЖан Даск
Робер Легран
РаскажувачЖан Негрони
КинематографијаМорис Дамјен
Робер Легран
МонтажаЖан Даск
Премиера1965
Времетраење12 минути
ЗемјаФранција
Јазиканглиски

Охрид-експрес (англиски: Ohrid express) — француски документарен филм во режија на Жан Даск и Робер Легран.

Главниот лик е железничарот Петре Михајловски, кој и покрај големата желба да се занимава како и неговите предци со риболов, се нафаќа на државна работа по инсистирање на мајка му. „Јанка, цел живот селанка, сакала Петре, нејзиниот најстар син, да биде во администрација. И така и биднало.“[1]

Идеолошки филмот е чудна комбинација на пораки - од една страна возот е знак на прогрес во забаталениот пејзаж на „овој дел од Југославија“. Од друга, животот тука е толку романтичен и спокоен, што таквиот „напредок“ всушност би можел да значи уништување на суштинските вредности на оваа заедница, на која „ѝ е баш добро онаква каква што е“. Во други делови на таа држава можеби имаат побрзи машини, не како Ќиро кој датира од 1895, но „зошто некој би сакал да се движи побргу?“. Истото важи и за промените во родовите односи - во други краишта жените не работат физичка работа, но затоа пак охридските се здрави и силни (илустрирано со жена како мава со пиралка додека пере, облечена во народна носија и тежок волнен елек, лете).[1]

Освен приказната за возот, документарецот ја покажува и сликата на Охрид односно крајбрежјето на Охридското Езеро и начинот на живот во тоа време[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „„Охрид експрес" или возот кој ќе беше подобро никогаш да не забрза“. off.ent.mk. 31.08.2019. Посетено на 28 ноември 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Погледнете го краткиот филм за возот „Ќиро" објавен во 1972 година“. ohridnews. 06.12.2014. Посетено на 28 ноември 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]