Отоманско-персиска војна (1722–1727)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Отоманско-персиска војна 1722–1727
Дел од Отоманско-персиски војни
Датум 1722–1727
Место Хамадан, Азербејџан, северен Кавказ
Исход Династија Хотаки победила но Османлиите дипломатски обезбедиле територии
Договор од Хамедан
Територијачни
промени
Османлиите го приклучиле цел западен и северен Иран.
Завојувани страни
Династија Хотаки  Отоманска империја
Команданти и водачи
Ашраф Хотаки Отоманска империја Ахмед III
Отоманска империја Хасан Паша

Отоманско-персиската војна во периодот од 1722 до 1727 година претставува воен конфликт меѓу Отоманската Империја и династија Хотаки која управувала со Персија. Војната избила за контрола на западните и северозападните делови на Иран.

Династијата Хотаки го зазела управувањето на Персија по победата над Сафавидите. По падот на Сафавидите, Руската и Отоманската империја започнале да зазимаат делови од Персија. Претставувајќи се како легитимен наследник на иранскиот престол, Ашраф Хотаки побарал враќање на сите територии од страна на Османлиите.

Во 1723, турските трупи извршиле инвазија на Кавказот и ги окупирале Ереван и Тбилиси. Во 1724 година меѓу Руската Имерија и Османлиската бил потпишан договор во Константинопол за условите според кој требало да се заземат териториите во северозападна Персија. Османлиите овој поход го оправдувале како акција против шиитите бидејќи погрешно го толкувале исламот.

Според договорот од 1727 година, Ашраф го признал поразот и станал вазал на Османлиите, а кон територијата на Османлиите биле приклучени цел западен и северен Иран.