Отоманско-персиска војна (1743–1746)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Отоманско-персиска војна (1743–1746)
Дел од Отоманско-персиски војни
Датум 1743-1746
Место Ирак, Ерменија, Грузија, Персија, Источна Анадолија
Исход Договор од Керден
Територијални
промени
предвоени граници
Завојувани страни
Афшаритска династија  Османлиско Царство
Команданти и водачи
Надер Шах Османлиско Царство Махмуд I
Сила
200,000[1]
Градска порта, Табриз од Ежен Фландин

Отоманско-персиската војна во периодот од 1743 до 1746 година претставува воен конфликт меѓу Отоманското Царство и Афшаридската династија која управувала со Персија.

Позадина[уреди | уреди извор]

Новата војна меѓу двете земји започнала во 1743 година кога персискиот шах Надир побарал од османлиските власти да му биде предаден градот Багдад. Претходно Персија ги зазела Багдад и Мосул во 1623 и 1624 година, но Османлите повторно ги вратиле овие градови до 1638 година.

Договорот од Зухаб резултирал со мир меѓу двете земји за околу 85 години. По падот на Сафевидската династија, Руската и Османлиското Царство се согласиле за поделба на северозападен Кавказ и Каспискиот региопн, но по доаѓањето на Надир Шах, двете империи биле принудени да се повлечат од регионот. Во следниот период Надир започнал војна со Османлиите, а по крајот се свртел кон исток каде ја нападнал Индија.

Конфликт[уреди | уреди извор]

Персискиот шах сонувал за империја која ќе се протега од реката Инд до Босфорот. Затоа со армија од околу 200,000 војници која се состоела главно од племиња од Средна Азија ја започнал планираната кампања за заземање на Истанбул, но откако дознал дека османлиската улема се подготвува за света војна против Персија, тој се свртел кон исток. Тој го опседнал на 14 септември 1743 година Мосул која опсада траела 40 дена. Пашата од Мосул, дервишот Хаџи Хусеин Ал Џалили успеал да го одбрани градот и да го натере шахот да се повлече. Следната година бил опседнат градот Карс и по неуспешната битка кај градот шахорт започнал да ги казнува своите команданти кое довело до револт кој траел од почетокот на 1745 до јуни 1746 година. Во 1746 година бил потпишан мировен договор во градот Керден.

Договор[уреди | уреди извор]

Според договорот, граничната линија меѓу двете земји останала иста според договорот пред еден век потпишан во Зухаб (односно денешните граници меѓу Иран-Турција и Иран-Ирак), Османлиите се согласиле на верниците да одат на аџилак кон Мека, биле основани конзулатства на двете земји, биле ослободени воени заробеници од двете страни а Османлиите ги признале шиитите како петта правна секта на исламот. Освен тоа, градот Багдад останал под османлиска управа.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Iran and the West: a critical bibliography, Cyrus Ghani, 1987, p.287