Остроклун кит

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Остроклун кит
Остроклуниот кит
Во споредба со просечен човек
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Поткласа: Eutheria
Ред: Cetacea
Подред: Mysticeti
Фамилија: Balaenopteridae
Род: Balaenoptera
Вид: B. acutorostrata
Биномен назив
Balaenoptera acutorostrata
Lacepede, 1804
Распространетост на остроклуниот кит

Остроклуниот кит (Balaenoptera acutorostrata) е најмалиот вид браздести китови (фамилија Balaenoptera), односно китови што имаат растеглив, набран хранопровод. Ова е исто така најмногубројниот вид, со вкупен број од дури еден милион единки. Како својот многу поголем сродник, синиот кит, и овој вид има тело во облик на торпедо, со една грбна перка што се наоѓа одзади кон опашката. Од горната страна тој има сива или кафеава боја, а одозгора има посветла боја. Понекогаш на кратките шилести перки се наоѓа по една бела лента. Остроклуните китови живеат сами или во мали групи. Тие се природно љубопитни и редовно им приоѓаат на бродовите. Јадат мали риби и плактонски животни, а, како и другите браздести китови, главно се хранат во области со студени води. Во текот на сезоната на размножување јадат многу помалку, а тогаш се селат во тропските води. Остроклуниот кит е единствениот кит браздан што се уште се лови во комерцијални цели, и покрај мораториумот што го почитуваат повеќе држави членки на Меѓународната комисија за ловење китови (IWC)[1].

Наводи[уреди]

  1. Arnason, U., Gullberg A. & Widegren, B. (1993). „Cetacean mitochondrial DNA control region: sequences of all extant baleen whales and two sperm whale species“. „Molecular Biology and Evolution“ 10 (5): 960–970. PMID 8412655. http://mbe.oxfordjournals.org/cgi/content/abstract/10/5/960. конс. 13 јули 2007. 

Надворешни врски[уреди]

  • Dwarf Minke Whales - Great Barrier Reef Marine Park Authority - list of permitted swim-with-dwarf minke whales tourism operators on the Great Barrier Reef
  • Minke Whale Project - Dwarf minke whale research team based at James Cook University, North Queensland, Australia
  • NMV Photo of skull.