Окрузи во Самоа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Самоа е поделена на 11 окрузи (самоански: itūmālō) што постојат долго пред доаѓањето на Европјаните. Тие се уредени според уставот, согласно традиционалниот првенствениот ред на подрачјата.

Секој округ има главно село кое претставува административен центар. Главниот град Апија е составен од 45 села со свои управи, и нема заедничка градска управа. Во земјата има вкупно 265 села.

Окрузи[уреди]

Карта на окрузите во Самоа
Бр. Округ Админ. центар Површина
(км²)
Население
(2001)
Уполу[1]
1 Туамасага Афега 479 83.191
2 Ана Леулумоега 193 20.167
3 Аига-и-ле-Таи1) Мулифануа 27 4.508
4 Атуа2) Луфилуфи 413 21.168
5 Ва-о-Фоноти Самамеа 38 1.666
Саваи
6 Фасалелеага Сафотулафаи 266 12.949
7 Гагаемауга3) Салеаула 223 7.108
8 Гагаифомауга Аопо 365 4.770
9 Ваисигано Асау 178 6.643
10 Сатупаитеа Сатупаитеа 127 5.556
11 Палаули Ваилоа 523 8.984
  Самоа Апија 2.831 176.848
1) вклучувајќи ги островите Маноно, Аполима и Нулопа
2) вклучувајќи ги островите од групата Алеипата и островот Нусафе
3) има помали делови и на Уполу (Саламуму и Леаува)

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. ги опфаќа и околните мали острови

Надворешни врски[уреди]