Од другата страна на надежта

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Од другата страна на надежта“ (фински: Toivon tuolla puolen) — финско-германски филм од 2017 година, во режија на Аки Каурисмаки (Aki Kaurismäki), кој е автор и на сценариото. Главмите улоги ги играат: Шерван Хаџи (Sherwan Haji), Сакари Куосманен (Sakari Kuosmanen), Илка Којвула (Ilkka Koivula), Јане Хитjајнен (Janne Hyytiäinen) и Нупу Којву (Nuppu Koivu). Филмот има освоено повеќе награди, меѓу кои и две награди на 67. издание на Берлинскиот филмски фестивал (за најдобра режија и „Сребрена мечка“).[1] По завршувањето на филмот, Каурисмаки изјавил дека повеќе нема да режира.[2]

Хаџи, Каурисмаки и Куосманен на Берлинскиот филмски фестивал 2017 година

Синопсис[уреди | уреди извор]

Валдемар, поранешен трговски патник, добива пари на покер, купува ресторан и почнува да се занимава со угостителство. Бегалецот од Сирија, Халед, илегално влегува во Финска во потрага по својата сестра и бара азил, а откако го одбиваат, тој бега и се крие во близината на ресторанот на Валдемар, кој решава да му помогне на бегалецот...

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Златна мечка за унгарски љубовен филм“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 19.
  2. HRT, Druga strana nade, finsko-njemački film (12) (R) (пристапено на 3 јули 2021)