Ноне Неделковска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ноне Неделковска
Родена Нона Неделковска
28 јуни 1986
Велес
Националност Македонка
Позната пејачка

Ноне Неделковска (родена како Нона, на 28 јуни 1986 во Велес) — македонска пејачка.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Ноне ја започнала својата музичка кариера со настап на детскиот музички фестивал Златно славејче во 1995 со песната „Каубои смели“.[2]

Таа учествувала во втората сезона на „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, каде на крајот го освоила второто место.[3] После ова, таа потпишала договор со Премиер Продукција.

Следувале настапи на музички фестивали во Македонија како што се Охрид Фест 2005 и Макфест 2005. Таа исто така настапила на меѓународните фестивали „Будва 2006“ (Црна Гора) и „Стари Град“ - Нови Пазар (Србија), каде освоила Гран При.

Во 2007 настапила на „Будва 2007“ (Црна Гора) и „Еуропоп-Зеница 2007“ (Босна и Херцеговина).

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[4][уреди | уреди извор]

  • Јас или таа (2006)
  • Исто како порано (2007)
  • Три во едно (2008)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „None Nedelkovska - official website - За Нона“. web.archive.org. 2010-04-22. Архивирано од изворникот на 2010-04-22. Посетено на 2021-01-31.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Златно славејче 1995 - Златно Славејче“. www.muzichkiregistar.com. Посетено на 2020-10-16.
  3. „Idol (Serbian-Montenegrin and Macedonian TV series)“. Wikipedia (англиски). 2020-09-14.
  4. „Профил на Ноне Неделковска“. www.muzichkiregistar.com. Посетено на 2020-10-16.