Никола Речкоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Речкоски
Роден Никола Стефанов Речкоски
10 декември 1937(1937-12-10)(86 г.)
Велгошти, Кралство Југославија
Националност Македонец
Занимање математичар

Никола Речкоски (познат и како Никола Стефанов Речкоски; р. 10 декември 1937 во Велгошти, Охридско) — македонски математичар и универзитетски професор од 1987 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирал во 1962 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што и магистрирал во 1971 година. Докторирал во 1979 година на Математичкиот факултет со темата „Прилог кон аналитичката репрезентација на дистрибуциите“ и објавил трудови од таа област. Станал редовен професор во 1987 година на Електротехничкиот факултет, а од 1995 година на Факултетот за туризам и угостителство.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бабамов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 110. Text "series " ignored (help)