Низобјективно мерење
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Низобјективното мерење (англ. Through-the-lens или TTL) е фотографски поим кој се однесува на функција кај фотоапаратите со можност за мерење на нивото на светлиноста на еден кадар низ објективот. Потоа овие информации се користат за избирање на соодветна експозиција (осветлување), и/или контролирање на количеството на светлина која ја оддава блицот поврзан со фотоапаратот.
Низобјективното мерење (TTL) најчесто се среќава кај рефлексните фотоапарати (SLR). Светлосниот сензор може да биде сместен во пентапризмата (или пентаогледалото) која дава исправена слика на кадарот. Меѓутоа низобјективните мерни системи исто така можат да се најдат и во други видови на фотоапарати. Сите дигитални апарати имаат низобјективно мерење, со тоа што таму мерењето го врши самиот сензор. Кај дигиталните рефлексни фотоапарати (DSLR), мерењето го врши мерен/автофокусен модул сместен на дното на рефлексната коморка, под самото огледало.
Кај низобкејтивното мерење на блицот, самиот блиц блеснува еднаш или повеќе пати пред да се отвори блендата, така озовможувајќи му на апаратот да ја потребната блиц-силата потребна при самата експозиција. По измерниот блесок, блендата се отвора и блицот светнува со јачината која му ја одредил апаратот со мерењето. За разлика од ова, апаратите кои не го мерат блицот низ објективот користат сензор за светлина на самиот блиц за да ја одредат правилната експозиција; во овој случај не се употребува мерниот систем на фотоапаратот.
Видете исто така [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Како работи низобјективното (TTL) мерење, од "Flash Photography with Canon EOS Cameras" од Н. К. Гај (англиски)
- Низобјективниот (TTL) блиц систем, од Мус Петерсен (англиски)
