Невеста (Мартиноски)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Невеста (детаљ)
Творец Никола Мартиноски
Година 1937
Димензии 95 см × 72 см
Место приватна сопственост

Невестапортрет на ромска невеста од Никола Мартиноски. Сликата е масло на платно, завршена во 1937[1] година со димензии 95х72 см.

Моделот на сликата гледа директно кон гледачот, а телото е странично поставено. На себе има некоја жолта кошула и бел фустан со мали сини и црвени точки. Рацете во скутот држат жолти полски цветови. Зелената заднина е чиста. „Ликот на младото девојче е работен во светол жолтеникавоокерен тон, нанесуван во мошне нежни и изедначено. Грижливо се изведени сите детали (меланхоличните очи, фино изработените усни, носот, малечката брада). Линијата на телото е издолжена, благо свиткана, дејствува опуштено, речиси беспомошно. Внимателно е предадена материјата на облеката, со бои што дејствуваат лесно и проѕирно (светлолилавата, светложолтата, светлосината и темноокерната), нанесени во непресилени валери“. Иако сликата има „недостатоци“ (девојката е анатомски неточна, долниот дел од нејзиното тело е многу голем во споредба со торзото) и во делови сцената е нејасна (на платното не постои никаква индикација за предметот врз кој седи девојката), оваа слика е еден од маркерите на уметноста на Мартиноски од крајот на триесеттите години.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 924. ISBN 978-608-203-024-1.
  2. Пенушлски, Кирил (2016). Никола Мартиноски до 1945. Скопје: Министерство за култура на Република Македонија. стр. 85. ISBN 978-608-257-002-0. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help); |access-date= бара |url= (help)