Национална класа (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Национална класа до 785 ccm“ — југословенски филм од 1979 година, во режија на Горан Марковиќ. Главните улоги ги играат: Драган Николиќ, Богдан Диклиќ, Горица Поповиќ, Раде Марковиќ, Александар Берчек, Оливера Марковиќ, Воја Брајовиќ, Бора Тодоровиќ, Ирфан Менсур, Миќа Томиќ итн.[1] „Национална класа“ е вториот филм на Марковиќ, истакнат претставник на т.н. прашка школа во југословенската кинематографија. Главниот лик во филмот е типичен претставник на карактеризациските стремежи на прашката школа во тематизирањето на современата урбана младина: тој е динамичен, независен индивидуалец кој не се вклопува во општествената средина, но неповратно е заробен во малограѓанските окови. Насловната песна за филмот ја пее Дадо Топиќ, а другите песни ги пеат Оливер Драгојевиќ, Слаѓана Милошевиќ, Оливер Мандиќ и браќата Вранешевиќ.[2]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Бранимир Брене Митровиќ, познат како Флојд (го игра Николиќ), е млад човек од предградието на Белград, кој со својата „Застава 750“ се натпреварува во трките со автомобили во националната класа. Истовремено, тој има бројни љубовни врски, иако е во врска со девојката Шилја (ја игра Поповиќ). Пред последната трка во сезоната се наоѓа на второто место и мора да победи за да биде шампион. Меѓутоа, тој добива повик да се оди на отслужување на воениот рок. За да избегне обврската, Флојд се обидува да се запише на факултет, при што запознава една убава девојка. Истовремено, еден негов пријател (го игра Брајовиќ) го запознава со младото момче Миле (го игра Диклиќ) кој има болни бубрези. Притоа, Миле се согласува да оди на медицинскиот преглед наместо Флод, со цел тој да ја избегне војничката обврска. Меѓутоа, на прегледот се утврдува дека Миле во меѓувреме оздравел, така што Флојд мора да се јави во касарната. Истовремено, Шилја му кажува дека е бремена, па нејзините родители и родителите на Флојд набрзина им организираат свадба при што Миле прифаќа да му биде кум на Флојд. Ден пред свадбата, Флојд победува, но судијата ја поништува трката. Потоа, веднаш по свадбата, Флојд се качува во возот на пат за касарната, а единствено Миле доаѓа да го испрати на станицата.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. РТС (пристапено на 10.1.2019)
  2. ]https://raspored.hrt.hr/?mreza=4&datum=2023-07-08 Nacionalna klasa do 785 ccm, srpski film (Goran Marković, 1978.) - 70 godina Pula Film Festivala (пристапено на 8.7.2023)]
  3. РТС (пристапено на 10.1.2019)