Наум Бочваров

Од Википедија — слободната енциклопедија

Наум Бочваров бил деец на ВМОРО.

Животопис[уреди | уреди извор]

Наум Бочваров е роден во битолското село Цапари во 1880 година. Како млад се приклучил на револуционерната организација. Тој како деец на ВМОРО, учествувал во битолско и ресенско со војводите Давидов и Арсов. Учествувал во битките против Османлиите кај селата Шурленци и Избишта, како и на други места по битолско и ресенско. По предавство кое било направено бил уапсен од Османлиите и лежел во битолскиот затвор.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)