Натприродно (Тв серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Натприродно (Тв серија)[уреди | уреди извор]

Натприродно ( Supernatural) е американска телевизиска драма/хорор серија, која ги обработува животите на браќата Сем (лик игран од страна на глумецот Jared Padalecki) и Дин Винчестер (Jensen Ackles) кои се фрлаат во потера по демони и други паранормални суштества. Серијата се снима во Ванкувер, Канада, а својата премиера ја доживеа на 13 септември 2005 на The WB. Година подоцна, официјално стана дел од програмата на The CW.

Серијата Натприродно (Supernatural) ги следи животите на Сем и Дин, браќа кои се борат против суштества што за повеќето луѓе „не постојат“. Браќата ја загубиле својата мајка (Мери Винчестер) како деца во инцидент кој се случил во нивната куќа - откако избувнал пожар предизвикан од некакво натприродно суштество.

Како резултат на ова, нивниот татко (Џон Винчестер) целиот свој живот го посветил на барање на виновникот за смртта на неговата жена, со цел да ја одмазди. Откако браќата ќе пораснат, нивниот татко ќе започне да им врши подготовки за борење против злото. По некое време, Сем одлучува да престане со ваквиот живот и се запишува на колеџ, додека пак Дин останува со својот татко за да му помогне во неговата потера по демони.

Откако таткото Џон ненадејно ќе исчезне, Дин барa помош од својот брат за започнување на потрага по него. Од тогаш браќата ќе започнат да патуваат низ земјата истражувајќи ги паранормалните и останатите необјаснети настани и случки, дел од нив инспирирани според фолклорот, митовите и американските урбани легенди, а друг дел засновани на класични приказни со натприродни суштества, од типот на вампири, врколаци и духови.

Број на епизоди[уреди | уреди извор]

Досега се снимeни 248 епизоди распоредени во 12 сезони и тоа:

1 Сезона - 22 епизоди

2 Сезона - 22 епизоди

3 Сезона - 16 епизоди

4 Сезона - 22 епизоди

5 Сезона - 22 епизоди

6 Сезона - 22 епизоди

7 Сезона - 23 епизоди

8 Сезона - 23 епизоди

9 Сезона - 23 епизоди

8 Сезона - 23 епизоди

9 Сезона - 23 епизоди

10 Сезона - 23 епизоди

11 Сезона - 23 епизоди