Назабена летва
Назабена летва или назабена шина е склоп од два назабени дела со чија помош ротационото движење се претвора во линеарно. Кружниот запченик ги зафаќа забите на рамната летва или шина. Ротационото движење ја придвижува летвата странично, до онаму кадешто може да оди.
На пример, кај една запчеста железница, запченикот сместен под локомотива или моторен воз се врти вклопувајќи се во назабената летва помеѓу шините и така го влече возот по стрмен наклонет терен.
Склопот од летва и запченик честопати се среќава кај механизмите за управување на автомобил или друг вид на возило на тркала. Овој склоп овозможува помала механичка придобивка отколку другите механизми како recirculating ball, но затоа многу помал мртов од и поголема спрега („осет“) при управувањето. Променливата летва (со нормален запченик) ја изумил Артур Бишоп,[1] со цел да ја усоврши спрегата на возилото и „осетот“ при управување, особено при поголема брзина. Денес овој склоп се зградува во многу нови возила, откако тој изумил специјализиран процес на топло решеткасто валање за изработка на летвите во конечен облик, отстранувајќи ја потребата од накнадно назабување.
Видете исто така [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „Променлив однос на назабената летва за управување“. Google Пребарување на патенти. http://www.google.com/patents?vid=USPAT3753378&id=bTEwAAAAEBAJ&dq=pinion+%2Bininventor:Arthur+ininventor:E+ininventor:Bishop&jtp=1. проверено на 22 март 2007. (англиски)
Надворешни врски [уреди]
- „Летва и запченик“ (Rack and Pinion) - статии и слики (англиски)
- Друга анимација на механизмот (англиски)

