Навистина е така

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Навистина е така“ — сказна на Ханс Кристијан Андерсен од 1852 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во кокошарникот, една кокошка раскажувала за настанот што се случил на другиот крај од градот: Вечерта, кога кокошките летнале на седелата на дрвјата, една кокошка се чистела и ѝ испаднал еден пердув, а таа се пошегувала, велејќи дека така ќе биде поубава. Другите кокошки ја слушнале и ја осудиле нејзината изјава, а истото го слушнале и бувовите што живееле над нив. Тие ја пренесле приказната до гулабите, а тие до лилјаците, кои пак ја пренесле до друг кокошарник. Така, приказната се проширила низ целиот град и повторно стигнала со кокошарникот каде што се појавила приказната. Меѓутоа, при пренесувањето, приказната била изменета и во неа се кажувале дека пет кокошки си ги искубале пердувите и се степале меѓу себе за да му се допаднат на петелот. Кога првата кокошка слушнала за таа вест, и таа ја осудила нивната постапка и дури ја раскажала во еден весник.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ханс Кристијан Андерсен, Бајки. Скопје: Македонска книга и Детска радост, 1967, стр. 27-30.