Мунгос
| Мунгос | |
|---|---|
| Мунгоси во Борис Џупарк во 2008 година | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни (Animalia) |
| Колено: | Хордати (Chordata) |
| Класа: | Цицачи (Mammalia) |
| Ред: | Ѕверови (Carnivora) |
| Фамилија: | Herpestidae |
| Род: | Мунгос (Herpestes) |
| Вид: | M. mungo |
| Биномен назив | |
| Mungos mungo Гмелин, 1788 |
|
Мунгос пругасти (Mungos mungo) е животно со долго тело, остра и кратка муцка и кратки уши.
[уреди] Карактеристики
Опашката му е долга, подебела во коренот, а се стеснува кон врвот. Има кратки петпрсни нозе со канџи што не може да ги вовлекува. Покриено со остро, кратко, сивокафеаво крзно. Телото е долго околу 53 cm, а опашката околу 45 cm. Живее во области обраснати со шума и грмушки. Главно е ноќно животно, но често е активен дење. Многу е брз и вешт. Се храни ловејќи инсекти и змии, мали птици и нивните јајца. Се пари во почетокот на годината и окотува до 4 младенчиња кои стануваат самостојни по 3 месеци, а полово зрели се по 9 месеци. Живее во Индија, Блискиот Исток, Северна Африка, jужна Шпанија, а на Јадранските острови Млет и Корчула каде е пренесен 1909 година за да ги истреби отровните змии. Денес на тие острови не се среќава често.