Мрежно премостување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Премостување е техника за проследување што се користи во компјутерски мрежи со пакетен пренос. За разлика од рутирање, премостување не прави претпоставки за кај се лоцирани специвични адреси. Наместо тоа се потпира на преплавување и испитување на изворни адреси во добиените заглавја на пакетите, за да ги лоцира непознатите уреди. Кога уредот е лоциран неговата локација се снима од табела каде што се зачувуваат MAC адреси, за да се занемари потребата за натамошно емитување. Корисноста на премостување е лимитирана поради неговата зависност од преплавување и поради тоа се користи само во локални мрежи.

Премостување генерално се однесува на транспарентно премостување или “Learning bridge” операции што доминираат во Етернет. Друга форма на премостување, премостување со изворен пат, е развиена за мрежите со кружен прстен (token ring).

Мрежниот мост поврзува поваќе сегменти од мрежата на податочниот слој (слој 2) на OSI моделот. Во Етернет мрежите терминот мост формално значи уред што се однесува според IEEE 802.1D стандардот. Мост и преклопник се многу слични со тоа дека преклопник е мост со повеќе порти. Преклопник или слој 2 преклопник често се користи наизменично со мост.

Мостовите се слични со повторувачи или мрежни разводни кутии, уреди што поврзуваат сегменти од мрежа на физички слој (слој 1) на OSI моделот. Како и да е со премостување собраќајот од една мрежа се менаџира се преемитува на слледните сегменти од мрежата. Мостови се покомплекси од разводните кутии или повторувачите. Мостови може да анализираат пакети на податоци за да одлучат дали мостот може да ги прати тие пакети на друг сегмент од мражата.

Транспарентно премостување[уреди]

Мост користи табела за проследување или база на податоци за проследување за да праќа рамки низ сегментите на мрежата. Базата на податоци за проследување иницијално е празна и влезовите во базата на податоци се градат коко што мостот добива рамки. Ако влез со адреса не е најден во базата на податоци за проследување, таа рамка е преплавена на сите порти на мостот, што ја пренесува рамката на сите сегменти освен на изворната адреса. Со овие начини на емитување рамки, крајната мрежа ќе одговори и ќе се креира влез во базата на податоци за проследување. На пример, да земеме 3 хостови, А, Б и Ц и мост. Мостот има 3 порти. А е поврзана со мостот во порт 1, Б е поврзана со мостот во порт 2, Ц е поврзана во портот 3. А праќа рамка адресирана до Б на мостот. Мостот ја испитува изворната адреса на рамката и креира влез со адреса и број на порта за А во табелата за проследување. Мостот ја испитува крајната адреса и ако не ја најде во табелата за проследување, ја преплавува до сите други портови:2 и 3. Рамката е примена од хостовите Б и Ц. Хостот Ц ја испитува крајната адреса и ја игнорира рамката. Хостот Б ја препознава крајната адреса која се совпаѓа и генерира одговор кон А. На патот назад, во табелата за проследување мостот додава влез за адресата и бројот на портата за Б. Мостот веќе ја има адресата на А во табелата за во табелата за проследување така да го праќа одговорот само на порта 1. Хостот Ц или било кој друг хост на порта 3 не се оптоварува со одговорот. Сега е возможна двосмерна комуникација меѓу А и Б без понатамошно преплавување.

Забележливо е дека и изворната и крајната адреса се користат во овој алгоритам. Изворните адреси се запишуваат во влезови во табелата за проследување додека крајни адреси се бараат во табелата и се совпаѓаат со соодветен сегмент за праќање на рамката.

Оваа технологија оргинално беше развиена од Digital Equipment Corporation во 1980-тите .

Филтрирање на база на податоци[уреди]

За пренесување меѓу два сегменти мостот ја чита MAC адреаста на дестинацијата и одлучува дали да препрати или да филтрира. Ако мостот одлучи дека дестинациониот јазол е на друг сегмент од мрежата го препраќа пакетот на тој сегмент. Ако дестинационата адреса припаѓа на истиот сегмент како изворната адреса мостот ја филтрира рамката. Како што јазлите пренесуваат податоци преку мостот, мостот прави филтрирачка база на податоци (позната како база на податоци за проследување) на познати MAC адреси и нивните локации на мрежата. Мостот ја користи филтрирачката база на податоци за да одлучи дали пакет треба да се препрати или филтрира.


Предности на мостови[уреди]

  • Самоконфигурирачки
  • Едноставните мостови не се скапи
  • Изолираат колизиски домен
  • Ја намалува големината на колизиски домен преку микросегментација во мрежи без преклопување
  • Транспарентни спрема протоколите на MAC слојот
  • Дозволува информации за менаџирањето и перформансите и контрола на пристап
  • LAN овите се посебно интерконектирани и физички ограничени како што се број на станици, повторувачи и должина на сегменти немаат ефект
  • Помага за минимизирање на сообраќај.

Недостатоци на мостовите[уреди]

  • Не го лимитира просторот на емитување(емитувачкиот домен неможе да се контролира)
  • Не може да се преслика на екстремно големи мрежи
  • Собирањето и процесирањето на информации предизвикува доцнење
  • Мостовите се поскапи од повторувачи и разводни кутии
  • Комплекна мрежна топологија може да претставува проблем за транспарентни мостови. На пример, повеке патови меѓу транспарентни мостовите и LAN овите може да резултираат во мостна јамка. Разгранетиот алгоритам со облик на дрво (Spanning tree protocol) помага да се намалат проблемите со комплекси топологии.

Премостување наспроти рутирање[уреди]

Премостување и рутирање се два начини на контролирање податоци, но работат на различни методи. Премиостувањето работи со вториот слој од OSI моделот (податочниот слој) додека рутирањето работи со третиот слој OSI моделот (мрежниот слој). Оваа разлика значи дека мостот насочува рамки преку MAC адресите назначени од хардверот додека рутерот ги прави одлуките според назначените IP адреси. Како резултат на ова мостови не се оптоварени со, и не се се способни да разликуваат мрежи, за ралика од рутери.

При дизајнирање меажа, може да се одбере користење на поваќе сегменти во една мрежа со мост или да се подели на повеќе мрежи интерконектирани со рутер. Ако еден хост е физички поместен од една област на мрежата во друга, во мрежа која користи рутер, мора да добие нова IP адреса, додека ако овој систем е поместен во мрежа која користи мост не е потребна никаква реконфигурација.

Наводи[уреди]

  • Hamilton, Kenneth; Clark, Kenedy (1999-08-01). "Cisco LAN Switching". Encyclopedia of Things. Cisco Press. Retrieved 1999-08-01.