Мрежа за пошироки области
|
|
Оваа статија бара повеќе извори за проверливост. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Мрежата за пошироки области – глобална мрежа (WAN) е компјутерска мрежа што покрива голема површина (на пр. било која мрежа чии комуникациски врски поминуваат метрополитски, регионални или национални граници [1]). Ова е сосем спротивно од мрежите за сопствени мрежи(PANs), локалните мрежи (LANs), универзитетските мрежи (CANs), или метрполитен мрежите (MANs) кои што обично се ограничени во соба, зграда, универзитет или специфична метрополитска површина (пр. град) соодветно.
Содржина |
[уреди] WAN можности за дизајн
WAN мрежите се употребуваат за да поврзат локални (LAN) мрежи и други типови на мрежи меѓусебе, така што корисниците и компјутерите што се наоѓаат во една локација може да комуницираат со корисници и компјутери од други локации. Многу WAN мрежи се направени за една одредена организација и се приватни. Други пак, се направени од обезбедувачите на Интернет сервиси (Internet service providers), обезбедувајќи врски од локалната мрежа на организацијата (LAN) до Интернет. WAN мрежите често се прават користејќи изнајмени линии (leased lines). На секој крај од изнајмената линија, распределувач (router) се поврзува на LAN на една страна и hub во рамките на од другата. Изнајмените линии можат да бидат многу скапи. Наместо да се користат изнајмени линии, WAN мрежите може исто така да се направат користејќи помалку скапи методи за приклучување во круг (circuit switching) или приклучување на пакети (packet switching). Мрежните протоколи (правила) вклучувајќи го TCP/IP испорачуваат транспорт и адресирање на функции. Протоколите вклучувајќи го Packet over SONET/SDH, MPLS, ATM и пренесувач на рамки (Frame relay) се често употребувани од обезбедувачите на сервиси (service providers) да ги испорачаат врските што се користени во WAN мрежите. X.25 беше еден од првите и многу важен WAN протокол и често се смета за „дедо“ на пренесувачот на рамки (Frame relay), исто така многу од основните функции на протоколите од X.25 сеуште се користат и денес (само со надоградби) од пренесувачот на рамки (Frame Relay).
Академските истражувања во глобалните мрежи може да се подели на 3 области: Математички модели, мрежно имитирање (network emulation) и мрежна симулација.
Подобрувањата во перформансите понекогаш се претставени преку WAFS или WAN оптимизација.
[уреди] Избори во технологијата на WAN поврзување
Постојат неколку начини за поврзување на NonStop S-серии сервери на WAN мрежи, вклучително и преку глобалната мрежа ServerNet (SWAN) или SWAN 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 концентратори, што обезбедуваат WAN клиент успешна врска со серверите кои имаат Ethernet порти и соодветно комникациски софтвер. Исто така може да се користи Асинхрон WAN (AWAN) пристап до серверот, што нуди економски само-асинхрон WAN пристап. Неколку избори се достапни за WAN успешна врска:[2]
| Избор: | Опис | Предности | Недостатоци | Ранг на ширина на опсег | Пример за употребен протокол |
|---|---|---|---|---|---|
| Изнајмени линии (Leased line) | Конекција Точка-до-Точка (Point-to-Point) помеѓу два компјутери или локални мрежи (LANs) | Најбезбедни | Скапи | PPP, HDLC, SDLC, HNAS | |
| Приклучување во круг (Circuit switching) | Посветената кружна патека е креирана помеѓу крајните точки. Најдобар пример за ова се dialup конекции | Поефтини | Повик за подесување | 28 - 144 kbit/s | PPP, ISDN |
| Приклучување на пакети (Packet switching) | Уредите транспортираат пакети преку заеднички точка-до-точка (point-to-point) или точка-до-повеќе точки (point-to-multipoint) врска преку носач на внатрешна мрежа. Променливата должина на пакетите се пренесува преку Permanent Virtual Circuit ( PVC) или Switched Virtual Circuit ( SVC) | Заеднички медиум преку врска | X.25 Frame-Relay | ||
| Cell relay | Сличен на приклучувањето на пакети (Packet switching), но користи келии со фиксна должина наместо пакети со променлива должина. Податоците се делат во келии со фиксна-должина и потоа се транспортираат низ виртуелните кола | Најдобро за истовремено користење на глас и податоци | Overhead може да биде значително | ATM |
Преносот на стапки обично се движат од 1200 bit/s до 24 Mbit/s, иако некои конекции како што е ATM и Позајмените линии (Leased Lines) може да достигнат брзина поголема од 156 Mbit/s. Типични комуникациски врски кои се користат во WAN мрежите се телефонските линии, микробрановите линии & сателитски канали. Неодамна со зголемувањето на ниската цена на интернет конекцијата, многу компании и организации се свртеа кон VPN за интерконекција на нивните мрежи, создавајќи на тој начин WAN. Компании како Cisco, New Edge Networks и Check Point нудат решенија да креирате VPN мрежи.
[уреди] Исто така погледнете
[уреди] Користена литература
- ↑ Groth, David; Toby Skandier (2005). „'Network+ Study Guide, Fourth Edition'“. 2009: Sybex, Inc.. ISBN 0-7821-4406-3.
- ↑ McQuerry, Steve (November 19, 2003). „'CCNA Self-Study: Interconnecting Cisco Network Devices (ICND), Second Edition'“. Cisco Press. ISBN 1-58705-142-7.

