Моторни песни (музички албум)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Моторни песни“ — музички албум на македонската рок-група Верка од 2010 година. Тој е вториот албум на Верка, а насловот на албумот и неговиот омот се позајмени од истоимената збирка поезија на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров. Притоа, две песни од албумот, „Песни“ и „Ѓерданот“, содржат стихови од песните „Претсмртно“ и „Проштално“ на Вапцаров. Албумот е снимен во студиото на Евгениј Каревски во Скопје, а тој е и продуцент. Автори на сите песни се членовите на групата, а автор на дизајнот на обвивката на албумот е Борис Ангелушев, според оригиналната илустрација на збирката „Моторни песни“ на Вапцаров. На албумот свират тогашните челнови на групата: Марс Марсовски (гитара), Влатко Ѓоргиевски - Далтон (тапани), Маздрак (вокал и бас гитара) и Бране Антовски - Блеки (тапан, тарабука, кларинет и бендир), а покрај нив, како гости на албумот настапуваат и Саше Бранковски (соло гитара во „Такаметера“) и Добрила Грашеска (вокал во „Песни“).[1]

Список на песни[уреди | уреди извор]

Омот на Верка за Моторни песни.
Албумот Моторни песни, издаден во 2010 година.

Албумот содржи осум песни:

  1. Панк! Панк! Панк!
  2. New Found Faith
  3. Црно оро
  4. Песни
  5. Ѓерданот
  6. Иднина небиднина
  7. Огин
  8. Такаметера

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Верка, Моторни песни, 2010.