Момчило Јорданоски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Момчило Петков Јорданоски (1911 во Црвена Вода, Охридско — 7 ноември 1944 во Охрид) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Момчило Петков Јорданоски е роден во селото Црвена Вода. Се занимавал со земјоделие. Организирано и активно работи за движењето на отпорот од првите денови на окупацијата. Во почетокот на 1942 година станува член на КПЈ. Откриен од италијанските окупаторски власти, затворен е и измачуван во струшкиот затвор, каде што има силно држење. Пренесен е во тиранскиот затвор од каде што бега по капитулацијата на Италија. и се вклучува во единиците на НОБ и ПОЈ. Загинува како командир на чета на првата македонска ударна бригада, во јуришните борби за ослободување на Охрид, на 7 ноември 1944 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)