Михаило Миловановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Михаило Миловановиќ (Гостиница, 24. фебруар 1879 — Ужице, 28. новембар 1941) бил српски, вајар и пистел.

Биографија[уреди | уреди извор]

Мртовечки мир

Бил еден од основачите на Здружението на ликовни уметници на Србија, воен сликар на Врховната команда на српската војска во Првата светска војна, автор на портрети на српските војводи Радомир Путник, Живојин Мишиќ, Степа Степановиќ и Петар Бојовиќ, генералот Павле Јуришиќ Штурм, кралот Петар I Караѓорѓевиќ и регентот Александар Караѓорѓевиќ.

После каменорезачкиот занает од кој се откажал и година дена помината на усовршување во школата на Антон Ажбе во Минхен, во 1905 година Миловановиќ во Минхен бил студент на Академијата за убави (ликовни) уметности, прво кај професорот Лудвиг Хертерих, а потоа во класата на неговиот наследник Хуго фон Хаберман.

Миловановиќ дипломирал во 1909 година на ликовната Академија во Минхен, а во Србија се вратил на почетокот на Балканските војни во 1912 година како доброволец. Почетокот на I светска војна го дочекал на усовршување во Прага, бил уапсен и после бегството од прашкиот затвор, пеку Германија, Полска, Украина, Црно Море и Романија, стигнал да се приклучи на боиштето на својата Дринска дивизија и со српската војска ја преживеал нејзината голгота.

Го напишал романот Лендина воденица, печатен повеќе од половина век после неговата насилна смрт.