Милош кај Латините

Од Википедија — слободната енциклопедија

Милош кај Латините (српски: Милош у Латинима) е српска епска, јуначка песна.

Содржина[уреди | уреди извор]

Кнезот Лазар го испраќа Милош Обилиќ да го собере арачот од Латините. Тие го пречекуваат убаво и со гордост му ја покажуваат црквата св. Димитрија, а тој пак ги фали српските манастири. Притоа, тој се обложува во илјада дукати дека може да го фрли боздоганот високо преку црквата. Кога боздоганот паѓа на земјата, тој убива двајца синови на банот и четири генерали и поради тоа Латините го ставаат в затвор. По некое време, покрај затворот поминува Коста Циганот, кој му носи хартија и Милош му испраќа писмо на кнезот Лазар, барајќи да го ослободи. Тогаш, кнезот Лазар им напишал писмо на Латините, барајќи да го ослободат Милош и да му го дадат арачот и наградата од опкладата при што им се заканува дека ќе има ја запали земјата. Латините се исплашиле и го ослободиле Милош.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 96-99.