Милко (рок-група)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Милко - македонска рок-група од Скопје.

Историја[уреди | уреди извор]

Групата „Милко“ била основана во 2006 година. Групата ја сочинуваат:[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Првиот албум на „Милко“, со наслов „Луѓе“, бил објавен за издавачката куќа „ПМГ рекордингс“, која подоцна ги објавила и нивните два албума, „Don't let them win“ и „Changes“, како и проектниот албум „Никотин“. На 20 февруари 2016 година, во Младинскиот културен центар во Скопје, „Милко“ го претставиле албумот наречен според името на групата. Албумот бил снимен во студиото „Марифет“, а бил продуциран од самата група и од Ивица Јанкуловски, кој бил задолжен и за миксот. На едн апесна од албумот („Ти“) гостувал клавијатуристот Александар Ников.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Новиот албум на „Милко“ премиерно во МКЦ“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 21.
  2. „Новиот албум на „Милко“ премиерно во МКЦ“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 21.