Милан Обреновиќ II
| Милан Обреновиќ II | |
| кнез на Србија | |
| [[File: Портретот |
|
| Владеење | 13 јуни - 8 јули 1839 год. |
|---|---|
| Полно име | Милан Обреновиќ |
| Звања | кнез |
| Претходник | Милош Обреновиќ I |
| Династија | Обреновиќ |
| Татко | Милош Обреновиќ I |
| Мајка | Љубица Обреновиќ |
Милан Обреновиќ II [белешка 1] (српски: Милан Обреновић, 21 октомври 1819 - 8 јули 1839) бил кнез на Србија и прв престолонаследник на династијата Обреновиќ [1].
Биографија [уреди]
Милан бил најстариот син на Милош Обреновиќ I и кнегињата Љубица, брат на кнезот Михаило. Иако целиот свој живот бил болежлив и немал систематско образование, делимично успеал да изгради политички погледи и разбирања, меѓутоа неговата болест со текот на времето го спречила неговиот развој и дејност. На престолот дошол по абдикацијата на својот татко Милош и владеел до 8 јули 1839 година, кога починал. Поради болеста како и спротистваувањето на Советот, немал можност како кнез да потпише ни еден акт. Во историјата на современа Србија е запамаетен како владетел со најкараток владетелски период (25 дена). Долен Милановац е именуван според него.
Извори [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Милан Обреновиќ II“ |
- ↑ Guy Gauthier, Les Aigles at les Lions, Histoire des monarchies balkaniques, Éditions France-Empire, 1996
Белешки [уреди]
- ↑ Треба да се истакне дека редоследот на кнезовите од династијата Обреновиќ се одредува според презимето, а не од името како во западните монархии. Според западната традиција името на Милан би требало да биде Милан II Обреновиќ. Пример: Михајло, според западната логика требало да дојде на престолот под името Михајло I, меѓуто според српската историографија тој се именува како Михајло Обреновиќ III, бидејќи бил третиот Обреновиќ кој владеел.
|
|||||||||||||