Микроуправувач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Изглед на микроуправувач

Микроуправувачот претставува компјутер на единствен чип(плоча). Тој има микропроцесор, компјутерска меморија и влезно/излезни порти - се она што му е потребно за работа на еден компјутер. За разлика од персоналните компјутери микроуправувачите користат слаби процесори со брзина од неколку мегахерци што е сосема доволна за нивните потреби. Исто така трошат многу малку електрична енергија а кога не вршат никаква работа имаат можност да мируваат односно да не трошат воопшто енергија.

Главната намена на микроуправувачите е во автоматиката, односно при производството на автоматски продукти и уреди како автоматските системи во автомобилите, далечински управуваните уреди, индустриски и канцелариски машини, најразлични уреди и играчки. Наоѓајќи ја оваа примена и благодарение на нивната ниска цена поради малите потреби од процесори и мемории, на микроуправувачите отпаѓа најголемиот дел од производството на микропроцесори а се разбира претставува и огромен бизнис.

Историја[уреди]

Историјата на Микроуправувачите е тесно поврзана со историјата на микропроцесорите. Првиот микроуправувач е произведен во 1974 година од компанијата Тексас Инструментс а тоа е TMS1000. Набрзо потоа и Интел излегува со свој 8-битен микроуправувач а тоа е Интеловиот 8048.

PIC (управувач со програмабилен интерфејс) управувачите потекнуваат од 1985-та година. Тие користат Харвард Архитектура и Reduced Instruction Set(Намален Сет од инструкции). Ги произведува фирмата Микрочип и денес се едни од најчесто користените микроуправувачи.

Вградени системи[уреди]

Во еден микроуправувач се вметнати следните системи:

  • микропроцесор - спрема потребите имаме различни видови на процесори движејќи се од најстарите и најпрости 4-битни процесори па се до најновите и најсложени 64-битни процесори.
  • сериски влезно/излезни порти
  • други идови на сериска комуникација
  • додатни уреди како тајмер и слично
  • компјутерска меморија од најразлични видови (РАМ,РОМ,ЕПРОМ,ЕЕПРОМ)
  • аналогно-дигитални претворувачи

Структурата на микроуправувачите е ногу различна и многу варира во зависност од потребите. Бидејќи наоѓаат примена во најразлични области и нивната градба им е најразлична. Честопати производителите оставаат можности на корисниците сами да си ги одберат деловите и уредите кои ќе ги приклучат.

Средини на програмирање[уреди]

Микроуправувачите првично се програмираа преку асемблер, меѓутоа со развојот на посовремените програмски јазици и програмирањето на овие управувачи се врши со тие јазици.

Развиени се и програмски пакети посебно за користење при програмирање на микроуправувачи. Тие обично ја носат наставката "микро" пред името на програмскиот јазик.


Видови и производители[уреди]

  • AMCC
  • Altera
  • Analog Devices
  • Atmel
  • Charmed Labs
  • Cypress MicroSystems
  • Dallas Semiconductor
  • EPSON Semiconductor
  • Freescale Semiconductor
  • Fujitsu
  • Holtek
  • Infineon
  • Intel
  • Lattice Semiconductor
  • Microchip Technology
  • National Semiconductor
  • NEC
  • Parallax
  • Philips Semiconductors
  • Rabbit Semiconductor
  • Renesas Technology
  • Silabs
  • Silicon Motion
  • STMicroelectronics
  • Texas Instruments
  • Toshiba
  • Western Design Center
  • Ubicom
  • Xemics
  • Xilinx
  • ZiLOG